Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповед на еден нарцисоиден маж: „Сакам да бидам сакан, но не ме привлекуваат тие што ме сакаат“

„Јас сум студена, себична личност без срце. Немам сочувство кон другите, се грижам само за тоа што јас сакам. Искрена љубов чувствувам само кон внука ми (11)...“

ispoved-na-eden-narcisoiden-mazh-sakam-da-bidam-sakan-no-ne-me-privlekuvaat-tie-shto-me-sakaat-01.jpg

Познавате ли луѓе кои може да се сместат во категоријата нарцисоидни луѓе?

Тие типично себеси се гледаат грандиозно, немаат емпатија кон другите и очекуваат многу восхит.

Kaрактеристики на нарцисоидна личност:

  • Грандиозно чувство на важност.
  • Преокупираност со фантазии за неограничен успех, моќ, брилијантност, убавина или совршена љубов.
  • Потреба од константно восхитување и комплименти.
  • Верување дека таа/тој како личност е посебен/а и уникатен/а и може а ја разберат или да се дружи само со други претставници на овој тип на луѓе.
  • Чувство дека секогаш е во право.
  • Експлоатирачко однесување кон другите.
  • Недостаток на емпатија.
  • Демонстрација на арогантност и вообразено однесување или ставови.
  • Завист кон другите, како и заблуда дека другите им завидуваат.

На Редит неодамна корисник отворено призна дека е нарцисодина личност и вели дека поради тоа што многу луѓе се чувствуваат истрауматизирано од личностите како него, тој сака да им обезбеди пристап на луѓето во начинот на кој тој, односно општо нарцисоидните луѓе размислуваат.

ispoved-na-eden-narcisoiden-mazh-sakam-da-bidam-sakan-no-ne-me-privlekuvaat-tie-shto-me-sakaat-02.jpg

На прашањето дали е свесен дека е нарцисодина личност тој вели:

„Да, знам што сум и кој сум и не ми се допаѓа тоа. Јас сум студена, себична личност без срце и мислам дека немам ѕвезда во себе, односно она што ги прави луѓето посебни.

Немам сочувство кон другите, ниту љубов кон што било.
Се грижам само за тоа што јас сакам.

Не се грижам за тоа да имам долга љубовна врска. Не дека не сум имал, но секогаш сум ги лажел девојките со кои сум бил.
Сакам да бидам сакан, но не ме привлекуваат тие што ме сакаат.

Искрена љубов чувствувам само кон внука ми, која има 11 години.

Исто така, никогаш не им правам услуги на другите, освен ако јас немам корист од тоа.

Се дружам најчесто со луѓе кои се под мене ментално и емоционално затоа што сакам да се чувствувам супериорно на тој начин и да им биде лесно да им помогнам со нешто за да си го нахранам егото. Им наоѓам едноставно решение и уживам кога слушам ‘благодарам’.

Имам луѓе кои сметам дека ми се пријатели, но веднаш би се откажал од нив ако на каков било начин ми застанат на патот.

Не е ни изненадувачки што немам голем број пријателства што траат цел живот“.

ispoved-na-eden-narcisoiden-mazh-sakam-da-bidam-sakan-no-ne-me-privlekuvaat-tie-shto-me-sakaat-03.jpg

На прашањето дали некој може да живее среќно со нарцисоидна личност, тој вели:

„Мислам дека зависи од типот на нарцисоидна личност, но во најголем број од случаите – не.

За мене љубовната врска секогаш е натпревар и јас би направил сè што е во моја моќ за да победам.

За да избегнете нарцисоидни личности би ви кажал да не се состанувате со луѓе во кои не гледате мани. Секој има мани, а нарцисоидната личност знае да ги прикрие многу добро.

И запомнете нарцисоидната личност не ви заборава и ќе ви врати 10 пати повеќе за злото кое сте ѝ го нанеле.

Искрено, мразам што сум ваков, осаменичко искуство е и на моменти не знам кој сум, но тоа е посилно од мене“.

Познавате ли вие некоја нарцисоидна личност?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg