Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бесценети лекции кои можете да ги научите од интровертните луѓе

Да се биде интроверт е вистински подарок. Тие имаат помалку стравови и го сфаќаат животот поинаку од екстровертите.

Besceneti-lekcii-koi-mozhete-da-gi-nauchite-od-introvertite-01.jpg

Нивниот светоглед им помага да согледуваат повеќе работи отколку само да зборуваат. Тие знаат што е внатрешен мир и знаат како да го најдат. Не се плашат од осаменост и немаат проблеми да ги разберат другите луѓе.

Еве што може да научите од нив:


Си веруваат на себе

Ги слушаат советите од семејството, но во главно се потпираат на сопствените ставови и сфаќања. Ги интересира туѓото мислење, но секогаш се потпираат само на своето. Кога ќе згрешат, самите се обидуваат да ја исправат грешката, за разлика од екстровертите кои секогаш бараат помош од другите.


Времето поминато со себеси воопшто не е страшно

Тие ги сакаат своите блиски, но воопшто не им пречи да поминат време сами со себе. Секогаш знаат како да го организираат времето за себе – Од читање на книги, до размислувања и спознавање на сопственото јас. Тие се свесни дека најголем дел од животот го поминуваат со себе и затоа уживаат кога имаат време за себе.


Тоа што се повлечени не значи дека се незаинтересирани

Тие се одлични слушачи. Повеќе сакаат да слушаат отколку да зборуваат. Кога го слушаат другиот можат да научат многу повеќе работи отколку кога зборуваат. Се концентрираат на она што сака да го каже другата личност и знаат добро да ја ислушаат. Токму затоа, тие се личности на кои секогаш можете да се потпрете.

Би можело да ве интересира:

Помалку познати, но значајни жени, чии откритија го сменија светот Знаете ли дека првиот компајлер го напишала жена? Благодарение на Американката Г...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
9 забавни илустрации: Колку се разликуваат во исти ситуации мажите и жените? Како реагираат мажите, а како жените по раскинувањето? А колку време им треба да...
„Ја заборавив дома“ – Кој ви беше омилен изговор кога немавте напишано домашна? „Куче ме бркаше додека си одев накај дома... Ми ја зеде тетратката со домашната“...
Места нa кои не треба да зборувате на телефон (и зошто) Среде хаосот што владее во градските автобуси, никој не сака да го слуша и вашио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg