Стјуардеси ги откриваат петте највалкани места во авионот
Помошните масички кои се наоѓаат на седиштето честопати се користат за јадење или за оставање храна, но, како што објаснува една згрозена стјуардеса, некои родители имаат смелост и да им ги менуваат пелените на своите деца токму на ваквите масички. Кои се највалканите места во авион?
Ако и вие, како и милиони луѓе ширум светот, често патувате со авион, тогаш имајте предвид дека нечистотиите и бактериите би можеле да се „кријат“ пред вашите очи.
Стјуардесите честопати зборуваат за тоа кои се највалканите места во авионот, со цел да им помогнат на патниците да се заштитат.
Во продолжение откријте на што посебно треба да обрнете внимание:
Преградите кои се наоѓаат над главата
Џозефин Ремо, стјуардеса, открива дека преградите кои се наоѓаат над главата ретко се чистат, а ги допираат многу луѓе.
Нејзина препорака е да се користи крпа за да се избрише површината на преградата пред да се отвори, а потоа да се избришат и дезинфицираат и рацете.
Безбедносни упатства
„Највалканото место во авионот се безбедносните упатства кои се наоѓаат во џебот на седиштето“, вели Ремо.
Препорачливо е патниците да ги избришат упатствата и да си ги дезинфицираат рацете, а доколку се во можност, може да ги избришат и дезинфицираат и упатствата пред да ги остават повторно на своето место.
Масичките кои се наоѓаат на седиштето
Ваквите масички честопати во авионот се користат за јадење или за оставање храна, но, како што објаснува една згрозена стјуардеса, некои родители имаат смелост и да им ги менуваат пелените на своите деца токму на ваквите масички.
Овие масички се бришат, но не треба целосно да се потпирате на тоа, туку да ги исчистите и дезинфицирате пред да оставите храна или што било друго.
Навлаки за седишта
Секој патник седи по неколку часа во авионот на истото место. Иако луѓето може да се разболат, да повраќаат и слично, сепак навлаките за седишта не се дезинфицираат секогаш.
Вратите на тоалетот
Не е изненадувачко тоа што тоалетот е жариште на бактерии, а додека внатрешноста на тоалетот во авионот се чисти, рачките на вратите поретко се дезинфицираат.
Добра идеја е патниците да користат средство за дезинфекција на рацете.
Роза Санчез,која работи како хигиеничарка во авиони за Guardian изјавила дека проблемите со персоналот, временските ограничувања и недостигот на опрема, доведуваат до валкани авиони.
„Понекогаш немаме доволно резерви за чистење, па го користиме само она што го имаме или користиме само вода. Понекогаш немаме џогер, па ги користиме ќебињата кои ги оставаат патниците во авионите, за да ги исчистиме подовите“, вели Санчез.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com