Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


30 брзи решенија за да си ја зголемите енергијата во есенските денови

Постојат денови кога ви се чини дека ви е потребна доза адреналин пред воопшто да станете од креветот. А, во есента таквите денови се многу чести.

30-brzi-resenija-za-da-si-ja-zgolemite-energijata-vo-esenskite-denovi-1.jpg

Енергијата ви паѓа во текот на денот, а веќе попладне едвај ги држите очите отворени, но не смее да спиете затоа што имате натрупано милион овбврски.

Во таквите ситуации ви предлагаме да пробате неколку совети од понудените.

Што повеќе, тоа подобро...

1. Користете ја светлината и сончевите зраци. Наутро кренете ги ролетните, а навечер спуштете ги. Правилото е - преку ден светлината ви носи корист, а во текот на ноќта мракот и тишината.

2. Завршете го туширањето со малку постудена вода од вообичаено.

3. Насмејте се. По доброто смеење ќе почувствувате како енергијата ви струи низ телото. Насмевката помага телото да се регенерира.

4. Вдишете јасмин. Ставете на себе парфем кој содржи нота на јасмин или додајте неколку капки етерично масло.

5. Испијте лимонада или цеден сок од портокал. Цитрусните мириси ја поттикнуваат енергијата, а витаминот Ц секако има позитивно влијание врз расположението.

6. Соберете ја косата во високо репче или пунџа. Напнатоста на косата ќе ви ја подобри циркулацијата во главата и ќе ве ослободи од потенцијален стрес.

7. Дишете длабоко и на тој начин исфрлете ги токсините од телото.

8. Земете ментол бонбона, затоа што мирисот на ментол ви ги изострува сетилата и ја подобрува работата на мозокот.

9. Вежбајте или барем истегнете се наутро.

10. Тријте ги рацете една од друга. Тоа ќе ги активира нервните завршетоци и ќе ви врати мал дел од енергијата.

11. Седете исправено. Лошото држење на грбот го блокира протокот на крв, па затоа некои мускули мора да работат понапорно без посебна причина.

12. Поправете го тоа што не функционира во домот. Можеби делува чудно, но според Фенг Шуи расипаните предмети низ домот ви ја црпат енергијата.

13. Слушајте позитивна и погласна музика од вообичаено.

14. Наполнете ја вазата со свежа вода и цвеќе. Гледањето на шарени цветови ја подига енергијата.

15. Размислувајте како победник. Потсетете се на 3 најуспешни работи кои ги постигнавте денес.

30-brzi-resenija-za-da-si-ja-zgolemite-energijata-vo-esenskite-denovi-2.jpg

16. Превртете се наопаку. Буквално и сериозно. Самото навалување на главата до колениците има позитивно влијание затоа што ја поттикнува циркулацијата.

17. Јадете храна која ги подобрува енергијата и расположението - банани, тврд кашкавал, јагоди, црно чоколадо...

18. За појадок јадете јајце, најдобро варено.

19. Во текот на денот јадете често, но по малку. Големите оброци го исцрпуваат организмот.

20. Пијте вода. Многу луѓе чувствуваат замор кога се само дехидрирани.

21. Лесно тапкајте ја коската на градите. 20-тина секунди лесно тапкање со прстите може да ви го подобрат целокупното расположение.

22. Станете. Раширете ги рацете, а потоа спојте ги над глава. Подигнете се на прсти. Спуштете се и спуштете ги рацете. Повторете 30 пати.

23. Дружете се со пријатели кои се смеат.

24. Медитирајте барем 5 минути. Ако никогаш не сте медитирале, само седнете удобно и затворете ги очите. Слушајте си го дишењето и испразнете го мозокот.

25. Чистете. Неверојатно е колку енергија трошите, но и добивате додека чистите.

26. Испијте шумлива таблета магнезиум. Овој минерал поттикнува над 300 биохемиски функции во телото.

27. Проверете ја крвта. Ова не е брзо решение, но сепак проверете за да ја исклучите можноста за анемија.

28. Измијте го лицето со студена вода. Потоа нанесете крема која мириса прекрасно.

29. Облечете мек, огромен џемер.

30. Активирајте се. Колку и да звучи контрадикторно, недостатокот на движење го прави вашето тело изморено.

30-brzi-resenija-za-da-si-ja-zgolemite-energijata-vo-esenskite-denovi-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Мока Мус е бојата на 2025 година според Pantone Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса, која пред...
Педофилска мрежа во Ватикан, италијанска мафија: Што се случило со Емануела Орланди, која исчезнала ... Од италијанската мафија, до секс скандал и уценување на папата, постојат безброј...
Фото-докази дека некои луѓе не знаат да се однесуваат во ресторан Амбалажа од тампон во чинијата, расфрлана храна на подот, менување пелени на мас...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
10-те најголеми трговски центри во светот – еден е во Истанбул Dubai Mall во Дубаи, но и Istanbul Cevahir во Истанбул - кои се најголемите моло...
Како да препознаете самоуверени жени кои ретко имаат потреба да импресионираат некого? Што ги прави толку посебни жените кои зрачат со самодоверба и не тежнеат да бида...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg