Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тајни друштва за кои никогаш не сте слушнале

Прво да ги дефинираме тајните друштва - тоа се организации или клубови чии активности, настани и внатрешното функционирање се сокриени од надворешниот свет, односно од лица кои не се членови на истите.

tajni-drustva-za-koi-nikogas-ne-ste-slusnale-001.fw.jpg

Точните квалификации за означување на една група како тајно друштво се спорни, но, најбезбедна квалификација би вклучувала тајност, која може да вклучи и пренос на тајното знаење, создавање на лични врски помеѓу членовите, и користење на тајни обреди и ритуали.

Првите тајни друштва се создаваат во 17 век, со нагло ширење на езотерична мисла. Најпознатите тајни друштва на светот се: Черепот и коските, Масоните, Розенкројцерите, Редот на Ориенталните Темплари (O.T.O.), Херметичкиот ред на Златната зора, Темпларите и Илуминатите.

Но, во овој текст ќе зборуваме за помалку познати тајни друштва за кои најверојатно никогаш не сте слушнале.

Бифтек клуб (The Beefsteak Club)

Бифтек клубот е познат и како Високо друштво на телешки стек и е едно од најексклузивните тајни друштва на светот. Иако има една спецификација: максимален број на членови може да досегнува само до 24, без исклучоци. Што значи дека новите членови се примаат само доколку некој од старите членови умре. За целата работа да биде уште повеќе екстремна, примарната функција на клубот е дегустација на стекови и дискусии поврзани со нив. Во превод, името на клубот не е шифрирана тајна порака, ниту имаат за цел да владеат со светот, туку буквално објаснување за тоа што го прават нејзините припадници.


Гига друштво (The Giga Society)

Ова тајно друштво се состои од само 6 членови. Овде не станува збор за богати наследници, туку за најинтелигентните луѓе на светот. Двајца Американци и четири Европејци се единствените луѓе кои успеале да го постигнат резултатот поголем од 195 на тестот за интелигенцијата. Секој може да стане дел од ова друштво со решавање на тестот на нивната официјална веб страница. Што чекате, обидете се.


Друштво на седумте (The Seven Society)

Како што укажува и името, ова друштво се состои од 7 членови. Легендата вели дека ова друштво настанало 1905 година на колеџот „Вилијам и Мери“ во Вирџинија, кога 8 пријатели требало да се соберат за да играат карти, но едниот не се појавил. Ова била причината да се создаде тајно друштво кое секоја година прима 7 нови членови чии имиња се откриваат само по нивната смрт.


Боемскиот клуб (The Bohemian Club)

Ова тајно друштво настанало 1872 година во Сан Франциско, а неговите членови ги сочинуваат сите важни новинари, уметници и музичари. Во ова друштво може да влезе скоро секој кој значи нешто во светот, односно кој е познат. Сепак, како и во многу тајни друштва, членови можат да станат само мажите.


Редот на Деветмина Ангели (The Order of Nine Angles)

Иако постои само околу 40 години ова друштво се смета за едно од најрадикалните и најопасните тајни друштва во светот. Настанале во Велика Британија, но нивните членови ги има насекаде во светот. Своите учења ги опишуваат како „традиционален сатанизам“. Тие ја промовираат идејата дека историјата на човештвото може да се подели на серија на еони, од кои секој еон содржи соодветна цивилизација. Тие немаат централна власт или структура, туку имаат мрежа на соработници наречени „колектив“. Тие се залагаат за жртвување, тероризам и фашизам во сите форми.     

Автор: М.А.

Би можело да ве интересира:

На 8 години останала без едно око, а денес е една од најубавите жени во БиХ – Неверојатната приказна... „Недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ниш...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
Скопје, Варшава: Новогодишните елки блескаат низ градовите во светот Низ поголемиот дел од градовите во Македонија блеснаа новогодишни елки на плошта...
Детали од секојдневието во Јужна Кореја што нам ни изгледаат чудно Знаевте ли дека во Јужна Кореја подочниците се знак за убавина и жените неретко ...
Чоколатца со грав и уште 9 работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Автомати за сè, вклучувајќи и преливи за салати, како и тоалетни школки во лифто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg