Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од фраер до папучар

od-fraer-do-papucar-povekjeСигурно барем еднаш во животот сте биле сведоци на појавата некој ваш пријател комплетно да ја промени “плочата” кога бил во долга врска или брак.

 

До тој момент секогаш бил добро расположен за добар провод, ништо не го мрзело, но откако е во долга врска ја слуша само подобрата половина, неговиот авантуризам целосно згаснал, ниту сака да излегува, ниту да се забавува.

od-fraer-do-papucar

Едноставно кажано, станал “папучар”.

Како што тврдат научниците од Харвард, тоа се случува поради факатот што кај мажите во брак или долга врска значително опаѓа нивото на тестостерон.

Интересно е дека нивото на овој хормон нагло расте кај мажите кои ја раскинуваат врската или се разведуваат!

Имено, научниците извршиле истражување на неколку илјадници мажи кои биле поделени во три групи – самци, оженети и оженети со деца.

Освен испитувањето на плунката, со што многу успешно се мери нивото на тестостерон, испитаниците пополнувале прашалник кој сведочи за количината и квалитетот на времето кои тие го поминуваат со партнерите.

Кај оние, кои повеќе време поминувале со својата подобра половина нивото на тестостерон бил многу низок, додека самците забележале најдобри резултати.

Научниците, овој феномен го објаснуваат со еволуцијата. Имено, природата го направила машкото тело на начин намалената потреба за секс да ја зголеми и поттикне грижата за семејството и потомството.

Кога на сето ова ќе се додадат и индивидуалните карактеристики на личноста, ете го објаснувањето зошто некои мажи се “папучари”.

Би можело да ве интересира:

8 стереотипи кои мора да отидат во заборав (веднаш) Хронично болните луѓе претеруваат со симптомите за да привлечат внимание. Не, ге...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
5 личности кои се прославија поради нивната (мистериозна) смрт Џон Бене Ремзи стана светски позната само поради чудните околности на нејзината ...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Застрашувачки фотки што ја покажуваат разорната моќ на молњите Дрво расцепено од молња, молња создадена за време на ерупција – молњите без сомн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg