8 стереотипи кои мора да отидат во заборав (веднаш)
Хронично болните луѓе претеруваат со симптомите за да привлечат внимание. Не, генерално, тие ги минимизираат симптомите при прикажувањето за да не предизвикуваат сожалување.
Постојат некои верувања кои како да се провлекуваат години наназад, а всушност не неосновани.
Со кои стереотипи мора веднаш да се збогуваме?
Стереотип:
Интровертите се срамежливи и чудни.
Вистина:
Не, само не сакаат да го делат својот свет и мисли со секого.
Стереотип:
Хронично болните луѓе или луѓето со инвалидитет претеруваат со симптомите за да привлечат внимание.
Вистина:
Не, генерално, тие ги минимизираат симптомите при прикажувањето за да не предизвикуваат сожалување.
Стереотип:
Сите жени сакаат деца, тоа им е во биологијата и се природно родени за мајки.
Вистина:
Не, постојат жени кои не можат да се замислат во оваа улога и се среќни и без деца.
Стереотип:
Старите луѓе се „демоде“ со ставовите.
Вистина:
Некои се, но некои не се – и дури се покул од вас.
Стереотип:
Жените се лути и бесни кога се во „оној период од месецот“.
Вистина:
Не, жените се лути и бесни затоа што се соочиле со некој ид*от.
Стереотип:
Треба да се чека мажот да го направи првиот потег при додворувањето, а не жената - за да не изгледа „лесна“.
Вистина:
Кој го смисли ова? Зошто жените да чекаат и да не ги преземат работите во свои раце?
Стереотип:
Треба да си физички болен за луѓето да прифатат дека си болен.
Вистина:
Не, и психичките проблеми се болест и тешко е секој ден да се преправаш дека не ти е ништо, а всушност ти е.
Стереотип:
Ако работи таква и таква работа, тоа е затоа што не е интелигентен/а.
Вистина:
Не, тоа е затоа што поради сплет на животни околности испаднало да ја работи таа работа.
С. С. | Црнобело