Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Положба на спиење според Фенг Шуи: Север за мирен сон, југ за страст

По Фенг Шуи, положбата на телото за време на спиењето има поголемо влијание на здравјето и психичката состојба одошто сме свесни. Општо, важно е креветот да не се наоѓа на место каде има струење на енергиите и спалната соба да нема неправилен облик.

polozbata-na-spienje-spored-feng-shui-sever-za-miren-son-jug-za-strast-01

Ако често се придвижувате додека спиете и сонот ви е прилично немирен и испрекинат, можно е да не ви одговара положбата во која спиете.

Ако се земат предвид страните на светот, има четити положби кои имаат свои предности и недостатоци.

Еве кои се нивните предности и недостатоци:


Ако главата ви е свртена на север

Оваа положба е идеална за луѓе кои страдаат од несоници, бидејќи носи смирување, духовност и го намалува крвниот притисок. Токму затоа, таа е добра за постарите личности. Лоша страна на оваа позиција е што ќе имате ниска креативна енергија и елан.


Ако главата ви е насочена кон исток

Оваа положба се смета како идеална за децата и младите луѓе. Поттикнува рано будење, повеќе енергија, раст и развој. За луѓето кои се постари од 50 години, оваа положба може да биде премногу интензивна и да имаат несоници. Поттикнува раст и активност, па затоа не е добра за хиперактивни луѓе.


Ако главата ви е свртена кон југ

Оваа позиција се поврзува со висока енергија, огнени соништа, силно либидо и расправии. Лесно ја поттикнува животната страст и не е добро да спиете на оваа страна подолг период. Оваа положба може да резултира со раздразливост и несоници.


Ако главата ви е насочена кон запад

Оваа позиција се врзува со чувството на задоволство и води кон хедонизам. Иако создава чувство на задоволство, може да поттикне и појава на мрзливост и ниска енергија. Токму затоа, не е добра за луѓето кои сакаат да успеат на професионален план.

Би можело да ве интересира:

Психологијата открива: Знаци кои покажуваат дека некоја личност мисли на вас Ако некоја личност честопати ја среќавате во вашите соништа, тогаш голема е веро...
6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
Детали од секојдневието на Бразилците што ќе ве зачудат Доцнењето им е најнормално нешто, а трагите од сончање се знак за убавина – како...
Нарачав вазна од TEMU, а добив слика - По 2 нарачки сфатив дека мора да го читам описот до крај Дали сте и вие „заразени“ со порачување производи на TEMU? Јас да, од првиот мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg