Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Историја на презимето

Ве интересирало ли некогаш од каде потекнува етимологијата на вашето презиме, дали е поврзано со некоја професија или нечие име (што е чест случај во нордиските држави)?

istorija-na-prezimeto-001.jpg

Презимето е дел од личното име кое се пренесува од еден или двата родители на нивните поколенија. Во повеќето западни земји, презимето се става на крајот на името, додека во Источна Азија и Унгарија се става пред името.

Во повеќето региони презимињата се базираат врз основа на потеклото на машкиот предок, а во поретки случаи на женскиот. Секако, постојат и исклучоци, многу народи од шпанско говорно подрачје ги користат презимето од таткото и мајката, односно создаваат двојно презиме. Низ историјата, богатите семејства го користеле името на домот како презиме.

Најраните презимиња во Западна Европа се создадени за разликување на луѓето, како, на пример: доколку некој бил ковач бил познат како Џон ле Смит (blacksmith:ковач) и сл. Во голема мера се адаптирани во Европа помеѓу 11-от и 16-от век во Англија.

Иако презимињата настанале како средство за идентификација, особено во бракови, каде што се прифаќало татковото презиме како доказ дека тој е таткото на синот, односно ќерката, принципот кој и ден денес најчесто се практикува, за вистинското потекло на презимето можеме само да пишуваме теории. Сепак, општо прифатена теорија би била дека тие, како што и наведовме горе, настанале под влијание на социјалната класа, професијата или културата во која се живеело.

Луѓето од повисокиот социјален статус често создавале презимиња кои се денес ретки (на пр. John the noble, the wise), додека презимиња од низок социјален статус се чести, ако не и исти и денес, а понекогаш можат да се пронајдат дури и навредливи презимиња.

Племенските и патријархалните општества често имаат презимиња изведени од машки имиња, додека поразвиените општества, често имаат голем број на презимиња изведени од занимања и имиња на места.

Истражете го потеклото на вашето презиме.

Автор: М.А.

Би можело да ве интересира:

Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...
Ситуации во кои мажите често се дискриминирани, низ илустрации Срамота е мажот да заработува помалку од сопругата, тие не смеат јавно да покажу...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
Според нумерологијата и датум на раѓање: Личности кои најдобро знаат да даваат совети Иако оваа способност може да ја имаат личностите родени на кој било да...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
Низ илустрации: Луѓе кои ни ја разбиваат монотоноста во животот (и сите сме ги сретнале) Луѓе кои лажат и мислат дека им веруваме, но и луѓе кои „паѓаат“ на сите пирамид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg