Што е подобро: Кафе или попладневна дремка?
Работата не може да почека, а очните капаци ви се толку тешки што едвај ги држите отворени. Во таквите моменти ако сте упорна личност, веројатно посегнувате по кафето, а има и такви кои телото го испружуваат на каучот и дремнуваат.
Останува прашањето: Што е подобро, дремка или кафе?
Научниците тврдат дека дремката е далеку подобра варијанта од пиењето на кафе. Само неколку минути сон можат да направат вашиот мозок нормално да функционира и да си ја вратите способноста за работење и добра концентрација.
Истражувањето кое било направено од страна на Универзитетот во Калифорнија открива дека дремката од 60 до 90 минути во голема мера ги подобрува перцепцијата, меморијата и основните телесни способности.
Негативната страна на спиењето лежи во тоа што често немаме доволно време за дремнување, а будењето за помалку од 1 час спиење има спротивен ефект. Тогаш ќе бидете уште поуморни и вашиот мозок нема да може добро да се активира.
При дремнувањето треба да внимавате и на времето во кое легнувате, бидејќи постои можноста да ви се промени био ритамот. Најдобро е да дремнувате меѓу 13 и 15 часот.
Кафето од друга страна има свои предности во однос на спиењето. Студентите кои пиеле кафе, изјавиле дека се чувствувале подобро и будно, за разлика од студентите кои спиеле пред испитот.
Сепак, резултатите биле пониски од очекуваните. Тие студенти кои пиеле кафе и изјавиле дека се расонети имале далеку пониски резултати од оние наспаните кои изјавиле дека се мрзеливи.
Би можело да ве интересира:





