Потег со кој полесно ќе паметите сè што ќе посакате
Заборавањето често знае да ни го искомплицира животот и да не фрустрира на бројни начини, но тоа не мора секогаш да биде така. Можете да го тренирате мозокот да остане во форма и да паметите без да запишувате.
Постои едноставен начин како можете да запаметите сè што ќе посакате.
Сакате засекогаш да го запаметите пинот на вашата кредитна картичка? Гласно запрашајте се „Кој е пинот на мојата картичка?“ и потоа гласно одговорете.
Вечерта сте виделе важна информација за работа и сигурни сте дека ќе ја запаметите, но утрото не ви текнува ниту каде ја најдовте ниту што поточно прочитавте. Сè што ви текнува е дека сте прочитале важна информација.
За да не ви се повтори оваа ситуација која знае навистина да фрустрира, сè што треба да направите е гласно да ја изговорите информацијата која сакате да ја запаметите.
Истата метода важи за бројни работи од секојдневниот живот, како: бројот каде сте го паркирале автомобилот, имиња, телефонски броеви и што ли уште не.
Запомнете, ако одговорот го изговорите на глас шансите се максимални дека истиот ќе го запаметите.