4 категории на луѓе: Како ја јадете пицата?

Научникот Пети Смит која целиот свој живот се занимава со истражување на говорот на телото и човечкото однесување тврди дека начинот на кој ја јадете пицата кажува многу повеќе за вас отколку што можете да си замислите.

4-kategorii-na-lugje-kako-ja-jadete-picata-01.jpg

Таа тврди дека на основа на начинот на кој ја јадете пицата можете да влезете во една од 4-те категории на луѓе.


1. Директен гриз

Ако ја зграбувате пицата и почнувате да ја јадете, без дополнителни подготовки или примена на техники, вие сте перфекционист кој сака да знае се. Обично одбирате една омилена пица и ретко кога се одлучувате за друг избор. Вие како личност сте однапред сигурни и прилично самоуверени кога станува збор за вашето дејствување.

4-kategorii-na-lugje-kako-ja-jadete-picata-1.jpg


2. Виљушка и нож

Ако сте дел од оние луѓе кои си овозможуваат доволно време за трпеливо да ја изедат пицата со виљушка и нож, тогаш вие сте топла и пријателски настроена личност која е совршено друштво за било какво излегување. Вие сте рамо за плачење на сите кои имаат потреба, ги паметите сите родендени и сте секогаш тука на оние кои сте им потребни.

4-kategorii-na-lugje-kako-ja-jadete-picata-2.jpg


3. Прво кората

Ако прво ја јадете кората, вие сте личност која сака да живее исполнет живот, сакате предизвици. Вие сте личност која ги поставува трендовите и одлучува што ќе биде се случува. Драматични сте, оптимистични и друштвени.

4-kategorii-na-lugje-kako-ja-jadete-picata-3.jpg


4. Ја превиткувате, па потоа ја јадете

Ако сте дел од оние луѓе кои пицата сакаат прво да ја превиткаат, а потоа да уживаат во нејзиниот неодолив вкус, тогаш вие знаете како да работите повеќе задачи и активности истовремено. Пицата обично ја јадете додека возите и разговарате на телефон. Имате авантуристички дух и работите бргу ви здосадуваат.

4-kategorii-na-lugje-kako-ja-jadete-picata-4.jpg

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg