7 причини зошто постарата сестра е најдобар подарок кој сте го добиле

За сите оние кои имаат постари сестри или се постарите сестри... Родителите не можеле да ви дадат поголем подарок!

7-pricini-zosto-postarata-sestra-e-najdobar-podarok-koj-ste-go-dobile-01.jpg

Зошто постарите сестри се толку посебни? Ние имаме 7 причини, а вие слободно дополнете ја листата.

1. Ви помагаат да ја изградите својата личност

Постарите сестри како што знаат да бидат прекрасни, така знаат да бидат и незгодни. Со неа сигурно сте искусиле моменти кои ви го зацврснале карактерот. Секогаш е подобро да научите некои лекции од неа, отколку од некој странец.


2. Имате човек со кој може да разговарате и да се разберете

Понекогаш е тешко да разговарате со родителите, па затоа постарата сестра е златна средина - нешто помеѓу најдобар пријател и советник.


3. Ги научила вашите родители на многу нешта

Вашите родители веројатно со неа направиле неколку крупни грешки, кои благодарение на неа успеале да ги поправат.


4. Можете да се истурите на неа

Не секогаш нервозата можете да ја истурите на своите пријатели, затоа што не знаете дали после тоа ќе ви останат пријатели. Сестрата ќе ви прости сè, но и ќе разбере дека не се истурате на неа затоа што сте и лути, туку заради што сте сигурни дека ќе ве сака и после тоа.


5. Можете да ја имитирате и да научите нешто од неа

Постарата сестра е супер тема за копирање. Таа веќе поминала низ она што вие поминувате, па најлесно можете да се огледате на нејзините успеси и падови.


6. Секогаш ви го чува грбот

И вие секогаш и го чувате грбот. Реципроцитетот на овој однос нема цена.


7. Таа е ваше гуру

Затоа што уште пред да направите или кажете нешто, таа точно знае што ви се врти низ глава. Така, многу лесно ќе ви даде фантастични совети. Плус, затоа што семејството е за цел живот, можете да верувате дека барем таа искрено се грижи за она што ви се случува.

Нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

„Пораснав со тројца родители – имам татко и две мајки, а како дете не сфаќав која ми е биолошка“ „Бидејќи тројцата родители работат, секогаш сме имале повеќе пари. Но, не сме во...
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg