5 начини да го победите мамурлакот со помош на топла бања

Голема е веројатноста дека после ноќ помината во пиење се чувствувате одвратно. Главата ве боли, чувствувате гадење и цело тело ве боли.

5-nachini-da-go-pobedite-mamurlakot-so-pomosh-na-topla-banja-001.jpg

Веројатно ви кажале да пиете повеќе вода и да користите апчиња.

Топла бања е одличен начин за да се надминат симптомите на мамурлакот. Топлата вода во комбинација со некои состојки може да делува смирувачки.

Може да го смири вознемирениот стомак и да ја намали главоболката.

Совети за надминување на мамурлакот:

Водата да е нешто потопла од нормалната телесна температура, не треба да е врела.

Ако сте дијабетичар и ако имате висок притисок, бидете сигурни дека топлата бања во комбинација со есенцијални масла се добар избор за вас.

Една од причините за мамурлакот е дехидрација, па додека сте во бањата пијте вода со лимон (со тоа правите детоксикација на организмот) или кокосова вода, која што содржи електролити што му недостасуваат на дехидратираното тело.

Пред, за и по користење на бањата треба да пиете многу вода.

Плус, утредента пробајте некоја од овие купки:

1. Бања за отрезнување

  • 5 капки анасоново масло
  • 3 капки масло од смрека
  • 8 капки рузмариново масло
  • 1000 мг аскорбинска киселина

Наполнете ја кадата со вода и сипете ги состојките во кадата и измешајте ги.


2. Бања за детоксикација

  • 1 лажичка морска сол
  • Пола лажица сода бикарбона
  • 2 кафени лажички издробен бел синап
  • 2 капки масло од пеперминт
  • 2 капки масло од еукалиптус
  • 2 капки масло од рузмарин

Измешајте ги сите состојки и ставете ги во бањата.


3. Бања за подобрување на општата состојба

  • Масло од смрека
  • Масло од лист од гераниум
  • Масло од лаванда
  • Масло од ѓумбир

Откако ќе ја наполните кадата со топла вода истурете ги сите масла и релаксирајте се.


4. Бања за ослободување од главоболка

  • 2 капки масло од лаванда
  • 3 капки масло од рузмарин
  • 3 капки масло од лимон

Додадете ги маслата во кадата и промешајте. Може да додадете и сол за да се активираат маслата.


5. Елан бања

  • 4 капки масло од лимон
  • 2 капки масло од лаванда
  • 2 капки масло од анасон

Додадете ги маслата во водата и промешајте.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg