Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бидете џентлмен!

bidete-dzentlmen-povekjeЏентлмен во буквален превод е нежен маж, софистициран, љубезен, воспитан и со витешки принципи. Тој умее пријатно да зборува, внимателно ги одбира...

 

...зборовите, нема нагли движења и неконтролирани гестикулации и умее да слуша.

На Далечниот Исток се смета дека вистинскиот маж би требало да биде комбинација од светец, научник и џентлмен.

Тој мора да биде морален, побожен, лојален, сочувствителен, верен и хуман. Денес ваквите мажи се помалку ги има, но иако џентлменството е ретро, ретрото е во мода.

bidete-dzentlmen

Ако навистина сакате да бидете џентлмен, еве неколку совети од „Men’s Health“ како умешно да го постигнете тоа.

За почеток запрашајте се каква енергија ширите околу себе, размислете како се чувствуваат луѓето покрај вас и сфатете дека кај вистинскиот џентлмен моќта е во внатрешната сила, а не во паричникот.

Оваа моќ е комбинација на нежност, сочувство и сила, поддршка покрај кој се чувствувате дека можете сé. Никој не сака драма, ниту во канцеларија, ниту во кревет или ресторан.

Мажите покрај кои се изгледа возможно, секогаш се на цена. Но исто така, ценети и посакувани се и луѓето кои знаат да признаат дека згрешиле, едноставно да кажат „извини“ и да продолжат понатаму.

Исто така потрудете се кога нешто ќе изговорите, навистина да стоите позади тоа. Комплиментите упатувајте ги само ако сте искрени, инаку тие воопшто не вредат.

Однесувајте се со другите онака како што сакате тие да се однесуваат со вас. Интелегенцијата е многу привлечна, но таа не може да се одглуми или научи, па затоа патувајте, разговарајте со луѓето, собирајте авантури и искусете ги.

Џентлмен никогаш не трачари, не зборува лошо за луѓето бидејќи знае дека така всушност зборува за самиот себе. Тој не е себичен и знае дека вистинското задоволство лежи во пружањето задоволство.

Телефонот и компјутерот џентлменот ги користи паметно, кога е во друштво телефонот го стишува, а компјутерот го исклучува. Џентлмен секогаш испраќа цвеќе, но тој не го прави тоа за да ја освои жената, туку за да остане запаметен.

Посветеноста на работата е секси, но вистинскиот џентлмен подеднакво се грижи и за деловниот и за приватниот живот.

Тој секогаш знае да биде тука за својата партнерка и да застане позади неа кога тоа и е потребно. Тој е внимателен и нежен љубовник кој знае да ги искаже своите емоции.

Всушност и денешните жени веќе не бараат заштита и егзистенција од партнерите, туку емоционална исполентост, а џентлменот тоа и го пружа.

Би можело да ве интересира:

„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Како од филм за Џејмс Бонд: Луди шпионски оружја од Студената војна Пиштол скриен во кармин, уред за прислушување во форма на инсект – за време на С...
10 работи кои не треба да ги правите на аеродром пред патување (и зошто) Не пијте седативи пред летот (освен ако не ви се препишани од лекар), не претеру...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа? Немојте да се криете под шатор или тенда и ако во близина нема затворен простор,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg