Младоженци авантуристи: Се венчале на врв на светот
Фотографот Бриан Руеб добил интересна и застрашувачка задача од своите пријатели Ендис и Елина да ги фотографира на големи височини и покрај неговиот страв.
Ендис и Елина планирале да се венчаат на врвот на една карпа која е висока 1.443 метри во Националниот парк Јосемити во Америка и нивен личен фотограф да биде Руеб кој за жал има голем страв од височини.
Но, бидејќи не сакал да се откаже од оваа интересна задача тој најмил уште еден фотограф да му помогне околу опремата и видео снимките, за тој да може да се концентрира исклучиво на фотографиите.
Задачата била тешка. Морал да се качи по скалила направени само од јаже, додека парот ја носел својата облека во вакуум кеси.
Така добиле мини неформална венчавка со случајни минувачи и туристи кои имале можност да го добијат букетот на невестата.
„Оваа венчавка е една од најтешките задачи кои сум морал да ги завршам, но горд сум на моите пријатели и мојата храброст“ – објаснува Бриан.