Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Магијата на кафето

magijata-na-kafeto-povekjeНе можете да го замислите денот без барем една шољичка кафе? Не сте едниствени, овој чудесен ароматичен пијалок е дел од секојдневието на милиони...

 

...луѓе. Можеби е заради мирисот, вкусот, аромата или сето ова заедно, но многумина ќе се согласат дека добра шоља кафе може и најлошиот ден да го претвори во поднослив.

magijata-na-kafeto

Но, важи и спротивното, ако го започнете денот со лошо кафе, уште долго во текот на денот  ќе го чуствувате неговиот непријатено-горчлив вкус.

Доброто кафе не се создава само по себе. Постојат неколку тајни во подготовката кои треба секој „мајстор на кефето“ да ги познава. За жал кај нас, барем во услужната дејност сме далеку од тоа кафето да го подготвуваат луѓе кои се обучени за тоа.

Во светот добриот „кафе мајстор“ внимава на количината на кафе, крупноста на мелењето, времето на извлекување на екстратот, а посебно на одржување на кафе-апаратот кој треба да се чисти секој ден.

Навиките на конзументите се менуваат. Некогаш на врвот на листата беше „турското“ кафе, па потоа cappuccino и espresso, но денес се популарни различните егзотични пијалоци во кои кафето е само една од многуте состојки.

Кафето може да се пофали со голема разноликост на вкусови, а посебно ако се искомбинира со чоколадо, сладолед, алкохолни или безалкохолни пијалоци.

Кафето не само што е најпопуларен пијалок на светот, туку игра и голема улога во меѓународната трговија. Со кафето се тргува на берзата во Њујорк и Лондон.

Во светот на бизнисот, кафето, веднаш после нафтата е производ со кој најмногу се тргува.

Америка е најголем потрошувач на кафе, а најмногу кафе по жител се пие во скандинавските земји.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со стресот за време на празниците (без да полудите)? Грижата за себе нека ви биде приоритет и избегнувајте разговори и ситуации кои з...
Митови за преживување во кои веруваме заради филмовите, а не треба Зошто не треба да верувате во советите за преживување што ги гледате на телевизи...
Низ илустрации: Како да одговорите на непристојни прашања, за никогаш веќе да не ви ги постават? Како да одговорите на прашањето зошто немате деца, зошто сте сингл, дали некогаш...
Била слепа и глува, завршила факултет и станала писателка и активистка: Животот на Хелен Келер Иако ги загубила слухот и видот пред да наполни две години, Хелен Келер не само ...
Кои се највисоките градби на секој континент? Бурџ Халифа, со своите 828 метри, е највисоката градба во Азија, но и во светот....
10 знаци дека сте личност со комплексен карактер (и многу луѓе не можат да се справат со вас) Мразите празни разговори и рутина, здодевни ви се и ве нервираат - на „Како си?“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg