Невеста си го жртвувала најсреќниот ден во животот заради пријателката (видео)
Добро познато ни е на сите дека сите невести сакаат на нивниот најважен ден од животот да бидат во центарот на вниманието. Или можеби има некои ретки исклучоци? Да, токму така.
Оваа млада невеста е пример за тоа што значи да се биде вистински пријател и колку за неа не е важно дали постојано е во центарот на вниманието. А секако, токму поради тоа сите кои успеале да го погледнат видеото се пријатно изненадени и воодушевени од неа.
Челзи Пулс е една од ретките девојки која допуштила за момент некој друг да биде поважен и во центарот на вниманието за време на нејзината свадба.
Дали досега можеби започнавте да претпоставувате што точно се случува на нејзината свадба?
„Мојот пријател Бет и мојата братучедка Меган правеа годишнина токму на денот на нашата свадба, па не можев да одолеам. Морав да им подготвам нешто многу посебно и по неколку месеци размислување знаев што точно треба да се направи“ – изјавува Челзи.