Најевтини начини како да ги избркате досадните мравки
Борбата со мравките во домот почнува уште во рана пролет, а во летото овој проблем ескалира. За да не потрошите цело богатство на средства кои немаат никаков ефект, ви предлагаме да пробате неколку од овие евтини алтернативи:
Леплива лента
Просторот во кој се движат заградете го со леплива лента која едноставно нема да може да ја преминат.
Борна киселина
Обично се продава во облик на прашок, па потребно е да измешате само 3 лажички борна киселина со 3 лажици обичен шеќер и 2dl топла вода. Натопете памук во течноста и распоредете на местата каде што се собираат мравките.
Брашно
Мравките не го поднесуваат белото брашно, па затоа користете го наместо креда против мравки. Доволно е да исцртате неколку линии за да ги спречите мравките да се рашират.
Цитрусно овошје
Доволен ви е сокот од лимон и портокал за да се заштитите од овие мали штетници. Во блендер направете пире од кора од портокал и 1 шолја топла вода, па внимателно истурете ја смесата во близина на мравките. Со сок од лимон пак може да ги пропрскате праговите и прозорите за да го спречите навлегувањето на овие инсекти.
Бибер
Мравките кои во вашиот дом бараат шеќер - изненадете ги со бибер. На местата на кои се веќе насобрани наросете малку бибер и гледајте како се повлекуваат.
Зачини
Во кујнските елементи ставете мали вреќички со жалфија, ловоров лист или цимет, затоа што мирисот на овие зачини ги одбива мравките.