Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Момци, искористете ја срамежливоста како предност

Сигурно отсекогаш сте биле срамежливи, тивки и повлечени. Веројатно и многу сте чувствителни, ги разбирате и ги поврзувате работите подобро отколку некои други, бидејќи цел живот сте само набљудувач, многу почесто отколку активен учесник.

momci-iskoristete-ja-sramezlivosta-kako-prednost-01.jpg

Срамежливоста не е болест која треба да ја излечите, туку тактика на преживување која е дел од вашиот карактер. Знаете да зборувате и да се објаснувате, но повеќе би молчеле и би слушале, а тоа во денешно време на гласен свет кој е претрупан со информации е многу вредна особина.

1. Зборувајте тивко и имајте куче покрај себе

Сигурно знаете многу работи и може да разговарате, штом сте успеале да го воспитате кучето. Дури и ако зборувате тивко, важно е да бидете сигурни и уверливи во она што го кажувате. Па, така кога зборувате тивко и другите ќе се стишат за внимателно да слушнат што имате да кажете.


2. Вие во суштина сте многу подобар водач од другите

Не сакате да се експонирате и не сакате да преземете одговорност, но затоа кога се наоѓате во позиција на водач сте многу поодговорни и потемелни од другите и ќе бидете во состојба да водите сметка за луѓето и за работата, бидејќи многу подобро се разбирате, што ги мотивира луѓето и не ви е тешко да се потрудите имајќи ги предвид нивните карактери и способности, го постигнувате она што е најдобро за работата.


3. Темелни сте и фокусирани

Повлечените луѓе биле срамежливи деца кои научиле да се забавуваат сами. За градење на сопствен свет потребна е концентрација и темелно занимавање со она што ве интересира. Можеби не ви е омилено долгочасовното слушање на пријателите, но кога ќе се најдете во таква ситуација, сепак целосно се посветувате, бидејќи се срамите да го одбиете. Тоа ве прави поголем пријател во нивните очи.


4. Жените сакаат срамежливи момци

Жените сакаат квалитетни личности и постојано се лутат за машката површност од која се заведени, бидејќи тие обично се одлика на мажествените и шармантните мажи. Но, има и мудри жени кои ја сфаќаат предноста на срамежливите момци. Таа ќе ви пријде и ќе се потруди да ве опушти и ќе направи да се чувствувате добро покрај неа. Потоа ќе научите многу за самодовербата, а нема да станете гласни, површни, себични и прости, бидејќи во тишината и повлеченоста сте ги развиле другите квалитети кои жените ги препознаваат и ценат.

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg