Има една песна која знам да ја пеам само јас!

Има една песна која свири во ритамот на моето срце, басот отчукува во ритамот на пулсот кој ми удира во слепочниците, ги предизвикува солзите, но на нивно место се раѓа храброста.

ima-edna-pesna-koja-znam-da-ja-pejam-samo-jas.jpg

Се чудам од каде толкава храброст во една кревка девојка, се прашувам, нема одговор, доволно е да ги погледнам лузните, секоја една има своја приказна, нераскажана, би ги распарала ушите на секој што ќе посака да ја чуе.

Затоа ги чувам во себе сите тие приказни без крај, но, сепак, завршени, затоа пеам, затоа таа песна свири во ритамот на моето срце, со бас кој отчукува во пулсот на слепочниците.

За да ми даде храброст да си ги раскажам приказните барем себеси, а да ги помати зборовите кои можат да ги распараат ушите. Моите уши, од моите зборови, каква иронија.

Има една песна која свири во ритамот на мојата омраза, бас кој отчукува во ритамот на мојот гнев, но сепак доброто е посилно од лошото.

Добрата песна секогаш подобро легнува на срце, лошата не легнува така лесно, таа прво го распарчува, а потоа се губи во неговиот пулс кој сè уште бавно, но тивко удира во слепочниците.

Има една песна што ја пеам без зборови, но ја слушаат сите, ретко кој ја знае на памет. Има една песна, таа песна се вика „Мојот живот“ и сè уште не е допеана, сите се обидуваат да ја фатат нејзината мелодија, но не успеваат.

Едноставно не разбираат дека таа една песна знам да ја пеам само јас и никој друг!

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg