Медицинска сестра открива: Ова се работите за кои луѓето најмногу жалат на смртната постела

Допрена од нивните последни зборови на смртната постела, медицинска сестра решила да открие кои се работите за кои пациентите најчесто жалат кога нивниот живот завршува.

medicinska-sestra-otkriva-ova-se-rabotite-za-koi-lugjeto-najmnogu-zalat-na-smrtnata-postela-1

Таа заклучила дека освен што сите луѓе пред смртта жалат за нешто што не го направиле во животот, истите главно имаат и слични работи за кои жалат.

Ова се некои извадоци од книгата која ја напишала сестрата инспирирана од последните каења на своите пациентите.

Барем да си дозволев да бидам посреќен - секој треба да ја најде својата причина за насмевка и среќа секој ден, без разлика колку животот го тера на солзи.

Барем да останев во контакт со старите добри пријатели -  секој во текот на животот се разминува со старите добри пријатели обидувајќи се да тргне по свој пат, а потоа жали за истото.

Барем да имав храброст да ги искажам сите свои чувства - сите луѓе ги кријат своите чувства поради страв, срам, одбивање. Но, сето тоа криење на чувствата е погрешно, бидејќи чувствата треба да се искажат, а не да се кријат во себе кога веќе постојат.

Барем да не бев толку многу посветен на работата - сите работиме за пари и се трудиме секогаш да добиеме повеќе со поголема посветеност при работењето. На крај жалиме за сето она време посветено на работата, а не на семејството, љубовта, пријателите, себеси...

Барем да живеев како што сакав јас, а не како што сакаа другите - животот е наш и треба да го живееме на наш начин, а не според правилата или желбите на другите околу нас, грижејќи се за нивното мислење.

За што вие жалите досега?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Братот на мојот сопруг му го донираше бубрегот“ и уште 5 приказни - доказ дека луѓето се добри За среќа, сè почесто слушаме приказни за добри дела, како кај нас, така и во све...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg