Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


100% од луѓето кои не се обидуваат, не успеваат!

Ова е уште еден мотивационен текст, кој ќе ве мотивира доволно со својот наслов, а тоа е дека 100% од луѓето кои не се обидуваат, не успеваат! Секој може да биде обичен, поентата е да бидеш различен.

100-od-lugjeto-koi-ne-se-obiduvaat-ne-uspevaat-1

Секој може да работи обична работа, да се задоволува со обични задоволства, да води обичен живот во обична средина, секој може да се чусвтвува бесцелен, лишен од своите соништа и надежи.

Но, зошто?

Зошто да дозволувате вашите соништа да се рушат, надежта да умира, зарем некој ви помогнал да ги изградите, зарем некој ја родил надежта во вашето срце, па да има право истата да ја убие?

Дури и кога се работи за вашиот живот, кој е вашиот живот да ве тера да се прилагодувате на него, тоа не е правилно, потребно е тој да се прилагодува на вас, а ако не сака натерајте го.

Пронајдете ја работата од соништата, пронајдете го партнерот соодветен за вас, ако не сакате останете сами, но бидете среќни.

Пронајдете го она што ве прави да се чувствувате живо, енергично, посебно, со цел, уживајќи во соништата и живеејќи за рака со надежта.

Не престанувајте сè додека не станете горди на себеси!

Обидете се, за обид никој нема да ви наплати, но може да се најдете во ситуација да наплаќате за секој ваш следен обид кој луѓето со нетрпение ќе го очекуваат повторно.

Обидете се, дури и кога немате сила, дури и кога сакате да се откажете од сè, обидете се уште еднаш, за последен пат и така секој пат нека биде оној последниот сè додека навистина не стане последен.

Обидете се, бидејќи 100 проценти од луѓето кои не се обидуваат, не успеваат, бидете вие во тие 100% кои се обиделе и успеале.

Успехот е 100% загарантиран!

Д.М.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg