10 трикови кои ќе ви го олеснат животот
Зошто да се мачиме и да ги извршуваме работите на потешкиот начин или поскапиот, кога секогаш постои некој трик кој ќе ни помогне работата да ја завршиме брзо, лесно и ефтино.
Ова се 10 такви трикови кои ќе ви го олеснат животот во секојдневието за различни ситуации.
1. Користете паста за заби кога ги чистите фаровите на колата, ќе светнат веднаш
2. Користете средство за чистење на стакло при отстранување на дамки од тепихот, ќе ги снема после 5 минутно триење со обична крпа
3. Користете фолија против поцрнување на бананите, завиткајте ги краевите со неа и ставете ги во ладилникот
4. Кога сакате брзо да го изладите пивото, замотајте го со влажна салвета или тоалетна хартија и ставете го во ладилникот на 15 минути
5. Кога не сакате да ви доаѓаат гости во слободен ден или сакате да земете одмор од работното место во текот на денот, на влезната врата залепете натпис на кој пишува – „Се враќам за 15 минути.”
6. За да заштедите батерија на мобилниот кога е при крај, исклучете го бежичниот интернет, намалете го светлото на екранот на минимум и исклучете го режимот на вибрирање
7. Кога сакате да се исончате убаво и да добиете чоколаден тен, премачкајте го телото со кантарионово масло
8. Ако имате слични клучеви од канцеларија, стан, автомобил, гаража, искористете лакови за нокти во различни бои и обележете ги нивните почетоци по кои ќе ги распознавате полесно
9. За совршени палачинки измијте го шишето од празниот кечап и сипете ја смесата внатре, потоа само притискајте се додека не се наполни тавчето во округла или било каква форма по желба
10. Се расипал патентот на омилените фармерки? Нема потреба од паника, најдете прстен за клучеви и вметнете го во патентот, а потоа прстенот закачете го за петлицата на фармерките
Кој трик за полесен живот го знаете вие?
Би можело да ве интересира:





