Кога и како настанал обичајот за китење на елката?
Сите едвај чекаме да дојде денот кога ќе ја китиме елката и ќе го украсуваме домот, но дали знаевте дека овој обичај трае повеќе од илјада години?
Постојат повеќе легенди и обичаи заради кои ние денес ги дочекуваме новогодишните празници со украсена елка и декориран дом во духот на Божиќ.
1. Една од легендите вели дека на местото каде што се родил Исус растеле бор, кедар и елка. Од среќа што се родил Божјиот син, борот и кедарот се затресле и му подариле плодови. Елката започнала да плаче, бидејќи таа немала што да подари. Тогаш еден ангел се сожалил и скинал ѕвезда од небото па и ја подарил на елката. Елката се свиткала и од својот врв нежно ја истресла ѕвездата покрај Исус.
2. Древните Египќани го обожавале својот бог на сонцето Ра, кој додека траела краткоденицата се опоравувал од болестите, а во негова чест домовите биле исполнети со зелени листови од палми, кои ја симболизираат победата на животот над смртта.
3. Римјаните краткодневицата ја посветувале на Сатурн, богот на земјоделието. Тие знаеле дека наскоро полињата ќе започнат да зеленеат, па своите домови и храмови ги украсувале со зимзелени билки.
4. Друидите исто така ги украсувале храмовите со зимзелени лисја кои, според нивното верување, претставуваат симбол на вечен живот.
5. Првиот народ кој всушност ја открил новогодишната елка се токму Германците, иако Летонија се смета за домот на првото божиќно дрвце.
Би можело да ве интересира:





