Не ги заборавајте тие што ве сакаат!

Постојано фокусирани на оние што не нè сакаат, забораваме да им обрнеме внимание на оние што секогаш безрезервно се тука за нас и никогаш нема да престанат да ни ја даваат својата љубов.

ne-zaboravajte-gi-tie-sto-ve-sakaat-2

Нека денес биде денот кога љубовта на тие што ве сакаат ќе им ја возвратите со иста мера и ќе им заблагодарите што секогаш биле на ваша страна.

Ова се тие личности на кои секогаш заборавате да им возвратите на љубовта знаејќи дека секогаш ќе ја имате на претек.

Вашите родители

Постојано покрај вас, но кога бил последниот пат кога сте ги гушнале и сте им кажале дека ги сакате?


Вашиот брат или сестра

Исто како и вашите родители, често знаете да ги запоставите братот или сестрата знаејќи дека секогаш ќе бидат тука. Денес, прегрнете ги и кажете им дека ги сакате најмногу на свет.


Вашето милениче

Иако не може да ви каже дека ве сака, вашето милениче ќе ви го покаже тоа на негов начин, но вие често го запоставувате неговиот животински говор кој копнее за внимание. Денес погалете го и пружете му ја неизмерната љубов која ја заслужува.

Вашиот најстар, но верен пријател

Постојано опкружени со нови пријатели од различни сфери на вашиот живот заборавате на вашиот пријател од детството кој е секогаш тука за вас и безрезервно ве сака. Денес поканете го на кафе или испратете му порака дека го сакате, не срамете се!


Баба и дедо

Никогаш не заборавајте на баба и дедо, запомнете дека нема секогаш да бидат тука со вас, затоа посветете им ја љубовта и грижата на време. Денес посетете ги и израдувајте ги со некоја ситница која ќе им го разубави денот!

ne-zaboravajte-gi-tie-sto-ve-sakaat-1

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Фотки кои покажуваат дека со текот на времето брачните партнери почнуваат да личат еден на друг Се сложувате ли со тоа дека некои парови, по многу години поминати во љубов (бра...
„Пораснав со тројца родители – имам татко и две мајки, а како дете не сфаќав која ми е биолошка“ „Бидејќи тројцата родители работат, секогаш сме имале повеќе пари. Но, не сме во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg