Смејте се на грешките, зарем имате друг избор?

Станав да си направам кафе. Ставив вода да се затопли, посегнав по мојата омилена шолја и ставив две лажици капучино. Занесена во моите мисли, лутајќи во мојот имагиниран свет, несвесно посегнав по солта и ставив три лажици, бидејќи кафето го пијам поблаго.

smejte-se-na-greskite-zarem-imate-drug-izbor-1

Знам дека ви звучи смешно, така и треба кога не внимавам. Ја ставив зовриената вода, додадов млеко и веќе започнав да визуелизирам како го пијам моето вкусно, слатко кафе кое само јас можам да си го погодам.

Се испружив на креветот и со шолјата во рацете сè уште лутав во моите мисли. Oдеднаш солениот вкус на моето „благо" кафе ме врати во реалноста.

Нормално го истурив во вц-шолјата, што можам да му правам друго, сигурно нема да го испијам.

И почнав да се смеам, на глас, убаво од срце, се насмеав на моја сметка, малку подолго од што требаше и малку погласно од предвиденото, но се почувствував убаво.

Сепак грешките се тие што нè враќаат во реалноста и нè потсетуваат дека сè што е слатко е кратко и треба да се трудиме колку што можеме повеќе да го продолжиме тој рок на траење.

Од овој ден, откако убаво се изнасмеав на мојата грешка со кафето, започнав да се смеам на сите грешки во мојот живот кои секојдневно ме тераат да лутам во мојот имагиниран свет во кој истите не постојат.

Навистина, се смеам и тоа на глас, така ефектот е поголем.

Се смеам бидејќи секој прави грешки, независно дали става сол во кафе или навредува некој, човечки е да се погреши, а уште почовечки е да се прости. Посебо себеси, бидејќи втората шанса е важна само кога си ја даваме себеси.

Смејсте им се и вие на грешките во лице, на глас, зарем имате друг избор?

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg