Дајте му шанса на машкото друштво!

Знаеме дека девојките се превртливи и љубоморни една на друга без посебна причина, па дури и најдобрите пријателки помеѓу себе.

dajte-mu-sansa-na-maskoto-drustvo-3

Затоа девојки размислете околу опцијата да одберете момче за најдобар пријател или пак вклопете се во машко друштво, бидејќи верувајте дека момците се подобри пријатели од жените поради неколку причини со кои и вие сигурно ќе се согласите.

Не озборуваат

Тој што озборува пред вас, ќе озборува и за вас, позади вашиот грб. Тоа го прават девојките, но момците не го практикуваат често. Доколку озборуваат, го прават тоа до одредена граница, без претерување и никогаш нема да се осмелат да ве озборуваат вас бидејќи нивната психа е далеку поразлична од женската.

Ве почитуваат

Никогаш нема да ве повредат, навредат или потценат, за разлика од вашите пријателки кои постојано го прават тоа, можеби несвесно, но од страна, нели?

Не се љубоморни

Вашиот другар никогаш нема да ви искаже љубомора поради физичкиот изглед, новите штикли или пак успехот кој сте го постигнале на работното место. Тој ќе се радува со вас и ќе ви се восхитува.

dajte-mu-sansa-na-maskoto-drustvo-1

 Не се премногу љубопитни околу вашиот живот

За разлика од девојките кои сакаат да го дознаат секој ситен детал од вашиот живот, момците не се премногу љубопитни. Нив ги интересира само дали сте среќна и исполнета, за разлика од девојките кои постојано ве пренатрупуваат со прашања од типот -  Со колку мажи си имала секс досега?

Секогаш се тука за вас

Јавете се кај вашиот пријател во два часот наутро и замолете го за услуга, а потоа јавете се кај вашата “најдобра” пријателка и самите одлучете кој од нив е секогаш тука за вас. Не мора да го правите овој тест, одговорот веќе го знаете веднаш откако сте ја замислиле таа ситуација во главата, нели?

Знаат да дадат искрен комплимент или критика

Машкиот пријател никогаш нема да ве излаже дека изгледате одлично кога тоа не е така, ниту пак да ве убедува дека ви фали нешто, а всушност се е во ред. Тој знае да даде искрен комплимент или искрена критика кога е потребно.

Ве сакаат искрено од срце!

За разлика од девојките момците знаат искрено од срце да си ги сакаат и почитуваат пријателите, без доза на љубомора, завист или лажна насмевка.

Па девојки доколку спаѓате во женски друштва кое не ве прават среќни, време е да се вклопите во едно машко друштво кое ќе ви покаже како треба навистина да изгледа едно пријателство!

dajte-mu-sansa-na-maskoto-drustvo-2

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg