Видови пријатели кои сите ги имаме во нашиот живот

Сите имаме пријатели кои имаат своја специфична улога во нашите животи. Можеби за да преживееме не ни се неопходни пријатели, но пријателството е клучно за нашето созревање.

vidovi-prijateli-koi-site-gi-imame-vo-nasiot-zivot-1-

Опкружете се со луѓе кои ги сакате неизмерно и кои умеат да возвратат на вашата љубов и грижливост. Најдобрите пријатели се за доживотно, па затоа избирајте ги мудро.

Сите ќе се согласат, дека во најтесните кругови ги имаат токму овие пријатели:

1. Слушателот

Пријателот кој се грижи и внимателно слуша сѐ што му зборувате. Овие пријатели ги знаат вашите животни цели и ви помагаат да ги остварите. Пратете му порака на слушателот во 4 часот наутро и тој/таа без проблем ќе ви одговори со цел да ви помогне.

vidovi-prijateli-koi-site-gi-imame-vo-nasiot-zivot-2jpg


2. „Мама”

Таа можеби е преголема заштитничка, но тоа е така бидејќи навистина и значите како личност. Секој ја има оваа личност во својот круг на пријатели и таа знае токму кога ви е потребна голема, силна прегратка. Умее да биде критична и ви кажува работи кои не сакате да ги чуете, но сето тоа го прави за ваше добро.

vidovi-prijateli-koi-site-gi-imame-vo-nasiot-zivot-3


3. Забавувачот

Кога сакате да се опуштите и да поминете одлично време, се јавувате на забавувачот. Оваа личност ги знае најдобрите кафулиња во градот и секогаш е подготвена за добра забава. Покрај овој пријател никогаш не ви е здодевно, иако вашите останати пријатели сметаат дека лошо ви влијае.

vidovi-prijateli-koi-site-gi-imame-vo-nasiot-zivot-4


4. Оптимистот

Секој од нас има пријател кој зрачи со позитивна енергија. Оваа личност е секогаш тука за да ве охрабри и да ви даде сила, потсетувајќи ве колку сте прекрасни и дека сѐ ќе биде во ред, а некогаш ни недостига токму тоа да го чуеме.

vidovi-prijateli-koi-site-gi-imame-vo-nasiot-zivot-5


5. Кралица на драмата

Со овие личности никогаш не знаете што е следно и секогаш ќе ве држат во неизвесност. Вашиот социјален живот не може да биде исполнет без кралицата на драмата.

vidovi-prijateli-koi-site-gi-imame-vo-nasiot-zivot-6


6. Инспирација

Секогаш постои тој еден пријател кој изгледа како сѐ да му е средено во животот. Оваа личност е вашиот идол, поради кој се трудите да се надминете себе и да направите повеќе од вашиот живот. Инспиративниот пријател ве охрабрува да се фокусирате на вашите студии и кариера и да завршите сѐ во најкраток рок.

vidovi-prijateli-koi-site-gi-imame-vo-nasiot-zivot-9


7. Смешниот пријател

Со овој пријател времето ви поминува брзо, бидејќи цело време се смеете на неговите/нејзините шеги. Оваа личност не познава граници, а и вие покрај неа се чувствувате слободно. Кога се чувствувате депресивно, таа/тој е секогаш тука за вас.

vidovi-prijateli-koi-site-gi-imame-vo-nasiot-zivot-8

Препознавте ли некој ваш пријател?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg