Како да ја отстраните дамката од кафе?

Можеби обожавате да уживате во шолја црно кафе, но дамките од него дефинитивно се најстрашното нешто што може да ви се случи.

kako-da-ja-otstranite-damkata-od-kafe-01

Вистина е дека темните дамки се тешки за отстранување, не ви е доволно само едно перење, но сепак постои еден трик на искусните домаќинки кои може да ви го олеснат целиот процес:

На дамката нежно притиснете тоалетна хартија која ќе го впие кафето. Потоа, прелијте ја дамката со малку вода, но не директно, туку на опачината на ткаенината.

Помешајте детергент, оцет и малку студена вода додека не добиете густа паста. Пастата нанесете ја на ткаенината, втријте ја и оставете ја да делува 5 минути. Можете и да користите стара четка за заби.

Измијте ја пастата, па ткаенината исперете ја на вообичаен начин.

Доколку дамката е се уште видлива, повторете ја постапката додека ткаенината е мокра.

Добра алтернатива е и чистата сода бикарбона. Нанесете ја на ткаенината за да ја впие течноста, а потоа исперете го местото со сапун.

Совет плус: Ниту една од овие методи не ја применувајте на чувствителни ткаенини за да не ги оштетите.

Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg