Чудни закони: Бакнувањето се казнува низ светот
Ако е логично во исламските земји да се води сметка за облеката, должината на здолништето, деколтето на кошулата, тешко сфатливо е дека во западна Европа сè уште владеат некои закони кои се чинат како од далечното минато.
Во Франција и понатаму важи законот од 1910 година со кој се забранува бакнување на пероните од железничките станици. Целта своевремено била за да не се спречува доцнењето на возот. Но, законот никој не го укинал ниту во време на супербрзите возови. За кршењето на овој закон не е предвидена голема казна, но важи правилото дека ако тоа се случи мора веднаш да ја напуштите железничката станица.
Во Колорадо, САД забрането е да ја бакнувате жената додека спие, а во Мичиген и Бостон мажот не смее да ја бакне жената во недела, бидејќи тој ден е резервиран за духовност.
Во Ајова бакнувањето не смее да трае подолго од 5 минути, а на Роуд Ајленд подолго од 3 минути.
Апсолутен рекордер во строгост е Мериленд, каде траењето на бакнежот е ограничено на секунда.
Казна за бакнување може да се добие дури и во најромантичната Италија. Во Еболи и Кампани важи законот кој забранува бакнување во автомобил. Причината е безбедноста во сообраќајот и казната од 500 евра.
На британскиот универзитет Оксфорд има посебна зона за бакнување, бидејќи е забрането тоа да се случува во пред универзитетот.
Исламските земји се уште помалку толерантни. Во ресторан во Турција партнерите треба да седат еден спроти друг, а не еден до друг. Бакнувањето на јавни места е строго забрането.
Во Обединетите Арапски Емирати, бакнувањето пред други е најстрого забрането дури и меѓу двајца сопружници.
Во Дубаи е изречена затворска казна од еден месец за брачен пар кој се бакнал во ресторан. Покрај тоа забрането е и прегрнување , држење за раце.
Граѓаните на Тајланд не смеат јавно да се држат за раце , но на туристите малку им се прогледува низ прсти.
Строго забрането е бакнувањето во метро во Малезија. Јавното бакнување го забрануваат и Јапонија и Индија, бидејќи се смета за најинтимен чин кој води кон секс.