Ситни производи од кои многу се заработува
Сигурно се прашувате како некој успева да заработи од продавање пуканки, очила, козметички производи. Не мора да се тоа премногу скапи производи.
Може да бидат и сосема обични, но сепак со цени повисоки од реалните за нивно производство.
1. Пуканките во кино се за 800% поскапи од цената за производство
2. На флашираната вода се заработува до 4000% повеќе
3. Козметичките производи секогаш се поскапи за 80% до 100% од цената за нивното производство.
4. Кафето во рестораните и кафулињата е поскапо за околу 300% од реалната цена.
5. Заработката на лековите е за 200 до 3000% поголема.
6. Брендираните очила чинат 1000% повеќе од цената за нивно производство
7. Со продажба на честитки се заработува 200% повеќе отколку што се троши за нивна изработка
8. На смс-пораките операторите заработуваат и до 6000%
9. Брендираните музички слушалки Beats чинат $15 долари за да се изработат, а се продаваат и до $450 долари.