По ова, ќе се покаете за секое фрлено Coca-Cola шише (видео)
Мислевте дека Coca-Cola шишињата имаат само еден живот и по него завршуваат во отпад? Сега ќе се покаете за секое шише кое сте го фрлиле!
Како дел од глобалната кампања за зачувување на природата со рециклирање, мултимилионската компанија лансираше серија од 16 посебни капачиња кои им даваат втора намена на пластичните шишиња.
Како дел од кампањата, снимено е и ова видео во кое ќе најдете детална демонстрација.
Сега шишето може да се претвори во фломастер, распрскувач, острилка...
Видеото е снимено во Виетнам, каде оваа година ќе бидат дистрибуирани 40 илјади нови капачиња, по што следат Тајланд и Индонезија.
Секоја чест за генијалната маркетинг идеја!