Жена потрошила 15.000 долари за да има совршени фотографии
Кога не ви се допаѓа како изгледате на фотографиите, може да ја избришете, коригирате во фотошоп или да направите пластични операции кои ќе ве разубават. Токму тоа, најекстремното, го направила Триана Лејви (38) од Лос Анџелес.
Од 2012 година до сега оваа жена потрошила 15.000 долари за пластични операции. Го оперирала носот, брадата, го затегнала лицето со ботокс, а на нејзините образи е направена трансплантација на масни наслаги.
Сега е задоволна од тоа како изгледа кога ќе се погледне и во огледало и на фотографиите. Покрај тоа, постојано добива и позитивни коментари на социјалните мрежи.
„Сега изгледам така како што треба да изгледам и како што отсекогаш сум посакувала. Личам на себе, но ова сум фотошопирана јас“ - изјавила Триана.
Таа е менаџер во фирмата „uFluencer Group“ за односи со јавност која е специјализирана за претставување на социјалните мрежи.
„Денес работата многу се прошири благодарение на интернетот, а селфито е главна фотографија која секојдневно може да ја обновуваме и да се прикажуваме себе во секакво издание само со помошна мобилниот телефон. Сепак, лицето е најважно. Тоа е легитимен начин за промоција“ - додава Триана.
Откако со сопствен пример покажала дека може да се направат промени кои ќе ѝ донесат поголема популарност и сето тоа да го искористи во бизнисот, сега тоа им го нуди и на останатите.
Сите оние кои сакаат да станат популарни и да заработат со помош на нивното селфи, Триана им помага со тоа што ги користи како промотивни лица за големи брендови со кои соработува нејзината фирма.
На тој начин таа успева месечно да заработи од $60.000 до $120.000 долари.
Погледнете ја нејзината трансформација: