Истакнувајте ги вашите недостатоци?!

Секој има свои недостатоци кои го прават поразличен од другите. Не е важно ако тие недостатоци се негативни, прифатете дека се ваши и уживајте во нивните предности.

istaknuvajte-gi-vasite-nedostatoci-1

Сигурно знаете дека не постои совршенство, нели? Па зошто се уште се трудите да бидете совршени?

Исфрлете го чувството на незадоволство од самите себеси на лесен начин и уживајте во свое друштво со следење на неколку едноставни совети.

Прифатете се какви што сте

Вие сте уникатни, нема потреба да се менувате. Прифатете се какви што сте и сакајте се, само така ќе бидете среќни самите со себе.

Сетете се дека секогаш има некој што ќе ве сака без оглед на сè

И покрај вашите маани и недостатоци, сигурно може да се сетите барем на 5 личности кои се секогаш тука за вас и ве имаат прифатено како личност која им значи во животот и покрај сè.

Гледајте ги вашите недостатоци како предност

Вие сте различни. Вашето несовршенство ве прави совршени. Запомнете го тоа.

istaknuvajte-gi-vasite-nedostatoci-3

Бидете тоа што сте

Никогаш, ама никогаш не се правете нешто што не сте. Зошто да носите маска прикривајќи ги вашите недостатоци со која ќе ги импресионирате луѓето околу вас на кратко, наместо тоа истакнувајте ги вашите недостатоци, уживајте во вашата несовршеност и бидете среќни. Бидејќи не постои ниедна личност на оваа земја слична на вас. Вие сте уникатни!

Дали и вие сте несовршени? Одговорот е сигурно да. Тоа е супер!

Гледајте ја позититивната страна, никој не е совршен а вие се вклопувате во општеството со својата несовршеност.

Со истакнување на вашите недостатоци, се истакнувате себеси во вистинско светло и признавате дека сте само човек кој се труди да биде среќен без разлика на сè.

Исто така, голема е веројатноста доколку ги истакнувате вашите недостатоци, со време истите да станат ваши силни страни. Со други зборови, позитивни карактеристики по кои сите ќе ве препознаваат и ќе ви се восхитуваат.

istaknuvajte-gi-vasite-nedostatoci-4

Дали сè уште сакате да бидете совршени или да уживате во својата несовршеност?

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg