Олабавете ги уздите и галопирајте

Сте се запрашале ли зошто коњите се едни од најпаметните и најубавите животни во светот? Тоа е поради нивната храброст и брзина. Иако не размислуваат како луѓето, кога би можеле да зборуваат би можеле многу да научиме за поголем успех во животот.

soveti-od-eden-konj-1

Олабавете ги уздите

Никогаш не ставајте в уста залак кој сте свесни дека не може да го проголтате. Олабавете ги уздите и одморете се. Дајте си простор и време. Дури и најдобриот војник понекогаш се одмора од битките во војната.

Бидете чекор пред вашите проблеми

Секогаш гледајте го крајниот резултат и можните компликации и проблеми во работите коишто сакате да ги направите или преземете. Одбирајте да ризикувате, бидејќи тој што ризикува и добива, но секогаш бидете подготвени за пораз.

Ослободете го вашиот дух

Бидете свои и кажувајте го вашето мислење на глас, без разлика колку другите го сметаат за погрешно или глупаво. Изградете свој став и карактер, ослободете го духот и ќе бидете исполнети и среќни.

Држете ја рамнотежата и стабилноста во ваши раце

Никогаш не ги оставајте конците на вашиот живот во туѓи раце. Држете ја рамнотежата и стабилноста, бидјеќи само вие умеете да го сторите тоа како што треба.

Носете ги вашите пријатели кога не можат да одат

Бидете секогаш тука за вашите пријатели. Никој не успеал сам да се искачи на врвот на успехот.

Носете ги вашите пријатели кога се изморени и не можат да одат. Доколку се работи за оние вистински пријатели, тие ќе ви возвратат со љубов и честитки на врвот и ќе се радуваат заедно со вас.

soveti-od-eden-konj-2

Пазете се од ситните и крупните камчиња на патот до целта

Можеби сте паметни и чекорите цврсто и брзо до патот на успехот, но не заборавајте дека секој се сопнува од мали камчиња.

Понекогаш дури и од оние големите кои ни се пред очи. Затоа, не заборавајте понекогаш да ја наведнете главата и да видите на што газите под вас.

Секогаш менувајте ги вашите потковици на време

Независно дали станува збор за личности, цели или соништа, ова е метафора која ги опишува промените во животот. Понекогаш веруваме на погрешни луѓе, правиме погрешни избори и чекориме побавно поради болката од старите потковици.

Но, од нас самите зависи дали ќе се свестиме на време да ги сменме потковиците за да може да продолжиме да чекориме напред без пречки.

Галопирајте!

Уште една метафора за човекот која ја опишува силата на коњот кога трча кон својата цел. Бидете како него, галопирајте колку што можете повисоко. Доколку верувате во себе, само небото е граница за вас!

soveti-od-eden-konj-3

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg