Дали оваа слика вреди 44 милиони долари?
Можете ли да поверувате дека оваа слика е продадена за 44 милиони долари? Сликата на апстрактниот експресионист Барнет Њуман, „Onemеnt VI“ и понатаму е меѓу рекордерите според износот кој е платен за неа на аукција.
Оваа слика е продадена за неверојатни 44 милиони долари.
Своето ремек-дело Барнет го насликал во 1953 година. Она што на прв поглед може да се види е огромно обоено сино платно со една бела права линија на средина.
Како што кажуваат критичарите, Њуман ги преплавува и освојува набљудувачите на неговите дела, токму со таа сензуална жива сина боја која коегзистира со вертикалната бела линија, како знак на човечкото присуство.
Дали вие би платиле 44 милиони долари за ова уметничко дело?