Многу повеќе од амбалажа: Креативни пакувања кои ќе ве натераат да ги купите
Вообичаено производите и нивните амбалажи ги гледаме како две одделни нешта. Она што нам ни треба и кое го купуваме се производите, амбалажата е таа што се фрла и на која најчесто не обрнуваме внимание.
Но, со напредокот на дизајнот и маркетингот, постојано се раѓаат нови идеи со кои може да се покаже поголема креативност, но и да се постигне поголема заработка.
Тоа се амбалажи кои ве принудуваат и привлекуваат да ги купите, па дури и ако не ви е толку неопходен производот. Тоа се оние амбалажи кои први ќе ви го привлечат погледот и ќе ги забележите меѓу стотици други.
Некои од нив асоцираат токму на производот или се во негова функција, но други го прават само позабавен и поинтересен.
Би можеле ли да одолеете и да одминете некоја од овие амбалажи ако ги видите во продавница?