Како да бидете модерен џентлмен?

Знаеме дека џентлменскиот тип на мажи е редок во денешно време, но доколку сакате да останете запомнети како самоуверена, паметна личност која е добра прилика во очите на секоја девојка - бидете џентлмен.

kako-da-bidete-moderen-dzentlmen-01

Ова се некои од манирите кои треба да ги имате или стекнете доколку сакате да го постигнете тоа.

Слушајте ја девојката кога зборува

Тоа покажува дека ја почитувате. Дајте и дознаење дека ве интересира што има да каже.

Почитувајте го нејзиното размислување

Престанете да покажувате дека вашето мислење е правилно, а нејзиното погрешно.

Бидете отворен за различни дискусии во кои и девојката може да дојде до збор и да каже што мисли, а ваше ќе биде да го почитувате тоа.

Направете да се чувствува посебно

Ситен подарок, роза или чоколадо се доволни за да покажете внимание.

Освен што ќе ја искажете вашата љубов, девојката ќе биде среќна што пронашла џентлмен кој ја прави да се чувствува посебно.

kako-da-bidete-moderen-dzentlmen-02

Отварајте ја вратата за неа

Било каде и да влегувате или излегувате заедно, секогаш отварајте ја вратата за неа. Ова е најстариот манир на џентлемените. Истото важи и за поместувањето на столица во ресторан.

Шармирајте ја со својата искреност

Разликувајте се од останатите момци кои ја имале пред вас. Наместо да се трудите да ја импресионирате со лаги, шармирајте ја со својата искреност и скромност.

Бидете мистериозни

Претставете и се, но не кажувајте се. Задржете некои детали само за вас. Мистериозноста е сепак начин број еден на кој паѓаат девојките.

Би можело да ве интересира:

„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман... Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg