Време е да престанете да си наштетувате себе си

Време е да престанете да им угодувате на останатите и да си посветите време на себе. Не трошете го вашето време и мисли на останатите кои само ви ја одземаат енергијата.

vreme-e-da-prestanete-da-si-nastetuvate-sebe-si-01

Од овој миг свртете ги сказалките на часовникот кон вас. Bреме е...

Да престанете да го трошите времето на погрешни луѓе

Запомнете ако некој ве посакува како дел од секојдневието ќе стори се за тоа така да биде,останатото е само губење на вашето време и енергија.

Да престанете да се лажете себе

Можете секого да излажете,но никогаш ликот кој го гледате во огледалото.

vreme-e-da-prestanete-da-si-nastetuvate-sebe-si-02

Да престанете да посакувате да бидете некој друг

Бидејќи најголемиот предизвик е да бидете тоа што навистина сте!

Да престанете да мислите дека не сте подготвени

Никој не е 100% спремен кога ќе се појави можноста,но таа се појавува само еднаш - зграпчете ја силно.

Да престанете да трагате по совршенство

Таа не постои во реалниот свет и затоа не ви е потребно.

Да престанете да бидете во врска која не ви одговара

Никогаш не се обидувајте некого да промените, ниту пак вие никогаш немојте да се менувате заради некого.

Да престанете да укажувате на туѓите грешки

Особено кога не сакаат да ве сослушаат. Оставете и продолжете понатака.

Да престанете да гледате во минатото

Така ги пропуштате хоризонтите што ви ги нуди сегашноста и зраците од иднината.

Време е да престанете да се грижите за сите околу вас

Овие мигови се само ваши и тешко дека некој ќе може да ви ги врати назад. Ништо не може да се изгуби онака како што може времето.

vreme-e-da-prestanete-da-si-nastetuvate-sebe-si-03

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg