Нема да погодите колку неверојатно нешто се крие во овој камен
Архитектите од Ensamble Studio се креаторите кои стојат зад овој уникатен дом во Шпанија. Но, не е сè само во идејата, туку тие се погрижиле и за најсовремена и модерна технологија, која никако нема да помислите дека може да се наоѓа овде.
Прво нешто што ќе ве зачуди е кога ќе дознаете дека ова не е ниту најден камен, ниту пештера, ниту дел од карпа, ниту некој природен остаток.
Ќе поверувате дека ова се зацврстени снопови сено со малтер и дека е направено од човечка рака и машини? Да, добро прочитавте, ова е сено.
Премините кои ќе ги видите низ него ги направила кравата Паулина. Сигурно ви е сè помалку веројатно, но вистина е дека за да се добие крајниот резултат на навидум лудата идеја на овие архитекти било потребно многу време.
Речиси цела година кравата Паулина се хранела токму од ова сено и им помагала за да го направат ремек - делото во внатрешноста.
Но, целиот труд на крајот вредел за да се добие вакво уникатно нешто.
Откако е завршен целиот проект може да се забележи дека внатре има современа и удобна спална соба, најсовремена бања, добро искористен простор и незаменлив поглед кон хоризонтот, поради кој сигурно ќе посакате ова да биде ваше тајно место за бегство од секојдневието.
Ако сè уште не верувате како е направено, погледнете го видеото: