10 животни лекции кои треба да ги примените до 30-та година

Пред само неколку дена го прославив 30-от роденден и точно тогаш разбрав кои животни лекции сум ги применил правилно, а кои сум ги изоставил.

10-zivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-primenite-do-30ta-001

Некои од нив намерно ги заборавав, некои пак не ги сметав за доволно важни.

Но, од сегашна гледна точка, овие 10 клучни лекции посакувам сите да ги усовршите на самиот праг на 3-та деценија:

1. Започнете да штедите сега, не подоцна

Ако сè уште ви звучи како клише, сигурно сте во 20-те. Дури кога ќе наполните 30 ќе ја разберете неговата важност.

Погрижете се на време да ги плаќате долговите, секогаш имајте резервен фонд и не инвестирајте во работите во кои не се разбирате.

Возможно е, само треба силно да посакате.

2. Грижете се за вашето здравје

Ако вашиот ум е 10 години помлад од бројката, истото не важи и за вашето тело.

Вежбајте, хранете се здраво и спијте доволно заменете ги со една единствена фраза - „Одржувајте се здрави!“

За неколку години, кога ќе посакате да си ги вратите годините и виталноста, таа ќе ви вреди богатство!

3. Не губете време со луѓе кои не се добри кон вас

По парите и здравјето, најважно е да бидете опкружени со луѓе кои го заслужуваат вашето време.

Во 20-те сте отворени за нови дружења и шанси, но на самиот почеток на 3-та деценија ќе разберете дека ништо од тоа не вреди колку квалитетниот пријател.

4. Бидете добри кон луѓето кои ги сакате

Контрадикторно, но ако се вратите неколку години наназад, ќе разберете колку лошо сте ги третирале оние кои очајно ви биле потребни.

На време научете да ги почитувате блиските, посебно ако до сега сте изгубиле неколку од нив. Парите и работното место секогаш можете да ги вратите, што не е случај со времето и емоциите.

5. Научете дека не можете да имате сè; Фокусирајте се на она што ви оди добро

Сè во животот еднаш ќе треба да ставите на вага. Се откажувате од една работа, за да добиете друга. Помирете се со тоа.

Или со еден збор, фокусирајте се. Многу повеќе ќе постигнете ако сте сконцентрирани на една работа во моментот. Затоа, научете да се насочите во тој правец.

10-zivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-primenite-do-30ta-02

6. Не се плашете од предизвици

Ако верувате дека до 30-те веќе треба да ја имате пронајдено совршената кариера, идеалниот партнер и сопствениот дом, се лажете.

Но, што ако токму на 30 сакате да се обидете од ново? Без страв направете го тоа!

Поголеми се шансите да се каете за она што никогаш нема да го направите.

7. Продолжете да се развивате додека сте живи

За жал, во 30-те сите се премногу зафатени за да работат на себе. Забораваат дека единствено таа инвестиција може да им се исплати во кој било дел од животот.

Менувајте ги навиките, откривајте нови светови, без оглед дали се работи за медитација, психичка вежба, бизнис патување или екстра семинар.

8. Никој не знае што прави, навикнете се на тоа

Освен ако не сте ментално, емоционално и социјално изолирани, тогаш никогаш не можете да си го предвидите животот во следните 5 години.

Дури и да можете, реалноста нема да се развива како во вашите мисли.

„Сега“ е многу поважно од „утре.“ Колку и да ви се чини детинесто, на самиот праг на 3-та деценија ќе го разберете вистинското значење.

9. Инвестирајте во вашето семејство - секогаш вреди

Не се залажувајте дека некогаш ќе имате доволно време, пари или совршено подредена кариера, па дури тогаш ќе можете да му се посветите на семејството.

Не чекајте да наполните 30 за да го сфатите тоа. Научете да баласирате, научете да им се посветувате на вашите родители, браќа, сестри или деца, доколку ги имате.

Никој и ништо нема да успее да го замени нивното отсуство.

10. Почитувајте се себеси

Бидете по малку себични и направете нешто во ваша корист, буквално секој ден. Направете нешто поразлично секој месец и нешто спектакуларно секоја година.

10-zivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-primenite-do-30ta-03

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg