Она што го форсирате на 20 години, ви се случува на 40
Додека се барате себе, сè повеќе станувате она што сте. Понекогаш грубата карикатура е токму она што сакате да го создадете, а понекогаш е ремек дело.
- На 20 години се трудите да бидете кул, откачени, посебни, свои.
- На 40 години сте толку кул, откачени и посебни што ви се чини дека тотално сте го пропуштиле нормалното, секојдневното и обичното.
- Ако сте маж, на 20 императивот на сексуалната слобода ве гони во акција. Мора да пробате сè, да известите за сè и сешто.
- На 40 и понатаму сте плејбој во најдобрите години. Никому не признавате што правите, но секогаш ви успева.
- Ако сте жена, на 20 императивот на сексуалната слобода сте го потиснувале со желбата да го најдете вистинскиот партнер и да имате сигурен секс.
- На 40 години можеби сè уште не сте го нашле вистинскиот, но знаете точно кога и што треба да направите.
- На 20 години мислите дека можете да го смените и поправите светот и давате сè од себе.
- На 40 сигурни сте дека светот е непоправлив и правите сè за да се поправите себе.
- Животот е возбудлив. Староста е далеку. Сè сакате и сè можете.
- На 40, животот е повозбудлив отколку што сте мислеле. Староста е поблиску од тоа што се плашите. Можете да направите сè што сакате.
- Сегашниот момент е една релативна стварност. Иднината е излог со евтини слатки.
- На 40 сегашниот момент е една релативна стварност. Иднината е сегашниот момент.
- На 20 светот е неправеден, животот бесмислен, а вие сте мрачни и депресивни.
- На 40 Бог е неправеден, Космосот е бесмислен, а вие сте мрачни четириесетгодишници на антидепресиви.
- На 20 сте полни со самодоверба и безгрижност, храброст и добрина, сите луѓе се браќа и сестри, сè е на ваша страна.
- На 40 години или сте гуру или сте просветлени и определени за она што ви е потребно за вашата лична среќа и духовен мир.
- На 20 цврсто ги држите уздите на коњот и сами атакувате кон победа и успех.
- На 40 цврсто ги држите уздите и јавате на подредените, потчинетите кои ги користите за да стигнете до светлата иднина.
- На 20 сте љубопитни, отворени, уметнички настроени и талентирани.
- На 40 сте слободен уметник, опкружен со љубопитни, отворени и талентирани.
- На 20 ја сакате вистината и реалноста. Свесно влегувате во ризици за да се испробате и запознаете себеси.
- На 40 ја препознавате вистината и реалноста. Ризикот е привилегија на свесните и оние кои се познаваат себе.
Порано или подоцна секој учи во текот на годините и од грешките за да се справи со предизвиците.