15 свежи состојки кои не смеете да ги чувате во фрижидерот
Свежите производи како овошје и зеленчук имаат одредено време на созревање, но и рок на траење. За да останат свежи и максимално хранливи, потребно е правилно да ги чувате. Некои производи не треба да ви стојат во фрижидерот, иако мислите дека токму таму им е местото.
Состојки кои не мора да ги чувате во фрижидер:
Домати, диња, лубеница
Траат подолго, но со текот на времето омекнуваат и стануваат водести. Ставете ги во фрижидер само ако се исечени и исчистени.
Компир
Студеното не му пречи, но не е ниту најпогодно, бидејќи при готвењето може да има некој благ вкус.
Лук и кромид
Испуштаат непријатен мирис и како доматите стануваат меки и брзо скапуваат.
Ананас, авокадо и киви
Надвор од фрижидерот го завршуваат процесот на созревање и стануваат послатки и посочни.
Банана
Во фрижидерот кората побрзо потемнува, а останата храна ќе го поприми нејзиниот мирис.
Праски, крушки, лимон, лимета или ѓумбир
Во фрижидерот траат подолго, но надвор од него поубаво созреваат и остануваат посочни.
Производи кои мора да ги чувате во фрижидер
- Зелена салата
- Слива
- Целер
- Тиквички
- Грозје
- Брокула
- Шумско овошје
- Цреши