Кујнски намирници без рок на траење
На листата на намирници кои секојдневно ги користиме, факт е дека доминираат оние свежите, додека производите кои веќе стојат повеќе од 1 седмица завршуваат во кантата за ѓубре, без да знаете дека нивниот рок е неограничен.
И покрај тоа што можеби не пишува на нивната етикета, овие намирници се без рок на траење:
Шеќер - Не е важно дали е бел, кафеав, во прав или во коцки, тој никогаш нема да се расипе, затоа што во него бактериите не можат да опстојуваат. Само, погрижете се да биде на суво место и во затворен сад.
Екстракт од ванила - Ако го имате некаде во кујната и подолго време ви стои на едното исто место, нема потреба да го фрлате. Тој едноставно трае вечно.
Ориз - Само кафеавиот ориз има рок на траење, затоа што содржи поголема количина масло. Сите останати варијанти траат вечно.
Мед - Теглата мед трае вечно или барем додека не ја испразните. По одредено време може да се кристализира или да ја промени бојата, но медот и по неколку години е здрав за консумирање. Само потребно е да го чувате на студено место.
Жестоки пијалаци - Ракија, џин, вотка, текила, рум... Дури и кога ќе ги отворите нема шанса да се расипат. Бојата, вкусот и аромата може да ослабат, но и потоа се пијат без проблем.
Сол - Нема рок на траење, само е неопходно да ја чувате на суво и студено место.
Оцет - Во добро затворена флаша, оцетот никогаш нема да се расипе или изветрее.