Вереничките прстени се марекетинг трик на кој сите сме паднале (видео)
Запросувањето на саканата е еден од највозбудливите моменти кој го доживуваат и момчето и девојката. Но, вереничките прстени со дијаманти се само трик.
Зошто не треба да купувате веренички прстен кој е само лажна традиција, но не и вистински симбол?
Дијамантите се само марекетинг трик.
Запросувањето со веренички прстен е стара традиција која се појавува уште во 1938 година, а е промовирана од страна на De Beers Grouop, голем дијамантски картел.
Но, кампањата според која љубовта е вечна, а дијамантите траат засекогаш е сосема погрешна.
Сите традиционални елементи на познатото запросување со клекнување и дијамантски прстен се измислени од страна на големи компании само за да им донесат повеќе пари.
Дополнителна идеја на која е ставен акцентот во овој љубовен гест е „или ќе купите голем и убав дијамант или воопшто не купувајте“.
Се продава идејата дека љубовта се мери според тоа колку сте подготвени да потрошите. Сето тоа е резултат на успешните рекламни кампањи на De Beers.
A дијамантите се всушност безвредни.
Единствено ја плаќате идејата дека дијамантите се вечни како и вашата љубов. Но, тоа е само додека не се обидете да ги продадете, тогаш ќе сфатите колку се обични.
Но, колку и да се знаат сите овие податоци, сепак е доцна за да се прекине традицијата. Веќе премногу е навлезена идејата и речиси е невозможно да се искорени.
Запросувањето без дијамантски прстен се смета за мизерно и ретко која девојка би се воодушевила.
Сепак, погледнете го видеото кое на интересен начин ќе ви ги открие маркетинг триковите и тајните: