Девојки, користете фудбалски јазик за да му кажете што сакате (видео)
Ако имате проблеми во комуникацијата со вашиот партнер и не може да ве разбере што сакате да му кажете, обидете се да му објасните на негов начин и со „негов јазик“.
Шпанското списание „Либеро“ направило рекламна кампања од неколку забавни видео снимки на кои жените им објаснуваат важни работи во нивниот однос на своите мажи, користејќи го т.н. фудбалски јазик.
Слоганот на рекламите е „Подобро сфаќаш кога ќе ти се објасни со фудбалски јазик“
Вака некако би звучела комуникацијата ако сакате да му објасните на партнерот дека може да му раскинете и да го замените доколку не се подобри:
-Колку време поминува тренерот во некој голем тим? Година? Две? Кога тимот не постигнува резултати го менува тренерот! Кога игра лошо, го менува тренерот! Кога нема идеи, се менува тренерот! Кога противничката екипа знае однапред како ќе игра тимот, тогаш се менува тренерот! Циклуси! Тоа се циклуси! А моментално на нашиот циклус му се приближува крајот. Нема нови идеи, играта е лоша, нема резултати. Сфаќаш што ти зборувам? – го прашува жената својот партнер.
Како да му објасните дека мора да го фрла ѓубрето:
-Не сакаш да го фрлаш ѓубрето? Бразилските бекови сакаат да напаѓаат. Мислиш дека им е убаво во одбраната? Мислиш дека сакаат тоа да го прават? Не, ама го прават тоа бидејќи така мора.
Како да му објасните дека не вреди да потроши многу пари на справа за стомачни мускули:
- Знаеш колку пари потроши Барса за украинскиот играч што не му го знам ни името?
- 20 милиони.
- Дали знаеш колку натпревари одигра за цела година?
- 12 натпревари!
- Дали знаеш колку не одигра?
- Сите останати.
- Дали знаеш колку голови даде? Ниеден. А дали знаеш колку добри натпревари имаше? Ниеден. Тој помина повеќе време на клупата, отколку на теренот.
Дали го знаеш името на таа скапа справа за стомачни вежби што сакаш да ја купиш? Исто како што јас го знам името на украинскиот фудбалер на кој не можам да се сетам.
Оваа кампањата има за цел да ги поттикне љубителите на фудбалот да размислат за проблемите во реалниот живот, а овие реклами иако од некои биле оценети како сексистички, сепак наишле на позитивен прием од повеќето.