Вкусен пудинг: Јаболки во крем

Јаболките се едно од овошјата кои сè уште може да се најдат на пазарите или во подрумот на вашата баба. За да не мора да ги јадете само нив, може да си подготвите интересни и вкусни рецепти во кои ќе ги искористите. Еден таков сочен рецепт е овој пудинг со јаболка во крем.

vkusen-puding-jabolki-vo-krem-01

Потребни состојки

За чоколадниот крем:

  • 4 жолчки
  • 2 лажички шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 1 лажичка какао
  • ½ лажичка цимет
  • 250 мл млеко
  • 4 тенки парчиња желатин
  • 250 мл изматена слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер

За кремот од јаболка

  • ½ кг јаболка
  • ½ чаша шеќер
  • 4 белки
  • ½ лимон
  • 1 кесичка желатин

За преливот

  • 200 гр темна чоколада
  • 50 гр путер
  • 3 лажички млеко

Подготовка

Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги чоколадото, какаото, циметот и топлото млеко. Мешајте на пареа 3 минути. Во жешкиот крем додадете го желатинот, претходно потопен во ладна вода. Оставете го кремот да се излади и пред да се желатира додајте ја изматената павлака засладена со ванилин шеќер. Чоколадниот крем сипете го до половина чаша и оставете го да се излади.

Јаболката испечете ги во рерна, изладете ги и испасирајте ги. Цврсто изматете ги белките со шеќерот, додајте кора од лимон, сок од лимон, кесичка желатин растопена во малку млака вода и сето тоа измешајте го. Оваа смеса сипете ја преку чоколадниот пудинг и ставете го во фрижидер добро да се излади.

На пареа стопете ја чоколадата, додајте го путерот и млекото, па пред да го послужите добро измешајте и обилно нанесете го преку пудингот.

Може да украсите дополнително со шлаг.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg