4 реклами кои ќе ве освојат: Кучињата тестираат, кучињата одобруваат (видео)
Новата реклама за семејниот автомобил Субару на уникатен начин ја претставува неговата удобност и практичност.
Ако досега се вообичаени рекламите за автомобили каде главна улога има семејство составено од родители, деца и нивните миленичиња, овојпат улогата е сменета.
Овде главната улога ја имаат 4 кучиња, секој на соодветна позиција и претставени се во 4 различни ситуации и периоди, како што растат и се менуваат.
Така, во првото видео може да ги видиме како одат на некое патување и лаат на камионот кој го избегнуваат од спротивната лента.
Во второто видео претставена е улогата на мажјакот кога застанува на пешачкиот премин и се загледува во француската пудлица која поминува, а женката до него се лути и лае.
Третото видео покажува како малите кученца се пораснати и женското куче се бакнува со друго куче со кое била на состанок и ја довезува до дома.
Во четвртото видео застануваат на бензинска станица за да се освежат во тоалетот.
Имаат човечки улоги, а се вистински кучиња. Штом тие го тестираат и одобруваат автомобилот Субару, тогаш мора да го сакате. Реклами кои ќе ве освојат.