Највкусната празнична декорација: Новогодишна елка од француски макарунс во Париз
Најголемата новогодишна елка од француски макарунс Ladurée може да се види во Париз во хотелот InterContinental. Шарената елка е направена од 8000 француски макарунс, во висина од 14 метри.
Елката е инспирирана од Paris Carnival кој може да се види од силните бои на зелена, жолта, црна, сина и црвена, со допир на сребро.
Покрај таа во централниот дел на InterContinental - Le Grand, уште 27 мали елки од француски макарунс од роза, лаванда, портокал и диња ќе бидат поставени низ ходниците.
Ladurée тимот кој е составен од 50 луѓе, потрошиле 2 недели за да ги декорираат француските макарунс и од нив да направат елки. Партнерството меѓу хотелот и пекарницата има поголемо значење.
Оваа година на елките се обележани знаци кои го симболизираат 150 - годишното заедничко партнерство, кое почнало уште во далечната 1862 година.
Во таа чест, оваа година беше создадена најслатката празнична декорација: